360 degrees season 11, show 8 - Интервју со претседателката на антикорупциската комисија
360 Stepeni 360 Stepeni
12.4K subscribers
3,484 views
21

 Published On Premiered Oct 14, 2024

Broadcasted on October 14, 2024 (Monday) on MRT1 at 20.15.

Претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, која гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1, ја прашуваме дали иницијативата од претходниот состав на Антикорупциска, по која Уставниот суд го укина „балансерот“, би добила мнозинска поддршка од актуелните членови на Комисијата и дали треба да се донесе закон за правична застапеност. Колку се уверени во доволноста и автентичноста на документите врз основа на кои заклучија дека патувањето на синот на премиерот во Вашингтон и Њујорк не било на државна сметка, дали наскоро ќе има одлука за законитоста на именувањето на Ивана Стојановска за заменик-директорка на Агенцијата за разузнавање и до каде се со прибирањето документи за проверка на легалноста на вонредното унапредување, а потоа и назначување на Сашко Лафчиски за началник на Генералштабот на Армијата – се меѓу темите за кои разговараме со шефицата на ДКСК. Ја прашуваме и за промената на членовите на независни и самостојни државни комисии што се прави со законски измени по скратена постапка за што реагираше Платформата за борба против корупцијата. Неизбежна тема се и случаите со службени возила и дипломатски пасоши за ДКСК, како и реакциите дека новиот состав на Антикорупциска е избор на партиите во процес во кој свој збор требаше да има граѓанскиот сектор.

show more

Share/Embed