Андријана Јаневска - О Јано, Јано
Сашко Тодоров Сашко Тодоров
605 subscribers
455,917 views
1.3K

 Published On Jun 22, 2008

Андријана Јаневска е родена во Скопје, каде моментално живее и работи. Редовно е вработена во Македонската Опера и Балет, како прва виолина. Свири и пијано, а првата композиција ја има напишано на 11 години. Музичката наобразба ја започнува во нижото музичко училиште на 6 годишна возраст, продолжува во средното музичко училиште, а дипломира на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје на отсекот виолина во 2004 година. Моментално ги завршува магистерските студии на отсекот „Музичка теорија и педагогија„.

Дебитира на Скопје фест, 1998. Повторно настапува на Скопскиот фестивал 2000 година каде го лансира мега хитот „Твоето писмо, моја Библија„. За време на летото, 2000 година, настапува низ повеќе градови во Австралија. Во Март, 2001 година на Скопскиот фестивал освојува гранд при награда со песната Носталгија. Во Јули, 2001 го промовира првиот солистички албум „Моја Библија„ кој содржи 12 песни. Во 2002 година, повторно се натпреварува на изборот за песна на Евровизија, каде со песната „О Шери, мон Шери„ го освојува второто место.
Во Јуни, 2006 година, го лансира реге хитот „Ден„, а во Август истата година настапува на Охрид фест со песната „Сонце„. За време на фестивалот го промовира вториот солистички албум „Ден„.
Неодамна сними дует со Ева Нединсковска за песната Тивка Ноќ, за која снимија и спот. Десетгодишнината од нејзината кариера ја заокружи со песната „Зрно„, дело на Драган Гиновски - Гино. Во Март 2008 излезе најновото ЦД со 15 традиционални македонски песни, а како продуцент се јавува Димитар Димовски - Мите.

Веќе 10 години активно членува во женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска„.

Две години беше редовен професор по виолина во музичкото училиште во Куманово, а веќе неколку години предава солфеж, теорија на музика, естрадно пеење и пијано во музичкото училиште „Ентерпрајз„ во Скопје.

Најголемо хоби и е шахот и моментално е портпарол на Шаховската Федерација на Македонија. Активно членува во клубот „Гамбит„.

show more

Share/Embed